И дефинитивно БРАВО Шкендија. Голема победа на шампионот во 2.коло во Лигата на Конференции и тоа со 1:0 и тоа против незгодниот и квалитетен тим на Шелбурн.
Тетовци уште еднаш покажаа дека знаат како се игра во Европа. Мудро, паметно, да се користи секоја шанса.
Така беше и вечерва.
Инаку оваа прва историска победа на некој наш клуб во групната или лигашка фаза во едно европско натпреварување на тетовци ќе им донесе нови 400.000 евра што секако не е за потценување.
Поважно е што Шкендија со оваа победа ја спаси и домашната лига. Сега коефициентот е пред оној на Црна Гора, па така во сезоната 2027-28 Македонија повторно ќе има четири претставници во Европа, додека наредната сезона ќе имасамо три.










