МКК Куманово го победи Феникс 2010 за “три од три“

35
ФОТО: KFSM.MK

По пауза, односно чекање од 24.часа, МКК Куманово и Феникс 2010 го одиграа својот натпревар од третото коло од МТЕЛ Супер лигата А во него, комплетна доминација на кумановци и победа со 99:81.. Особено во првото полувреме, во кое се стекнаа со висока предност која во вториот дел ја претворија во сигурна победа, за нив трета во исто толку одиграни натпревари.

Мошне ефикасно прво полувреме одиграа домашните кошаркаари. Односно 20.минути во кои МКК Куманово обезбеди висока предност. Ако по десет минути игра, разликата беше само пет поени (24:19), до крајот на тој прв дел „сино-белите“„ се одвоија за многу повисоки (53:29).

Во голема мерка и поради одличното офанзивно издание на Стевановиќ, кој реализираше 15.поени, но и доста добрата одбрана која ја презентираа избраниците на тренерот Марин Докузовски.

Во продолжението, Феникс 2010 тргна, се чини, нешто поангажирано, токму во офаанзивата. За кратко време, гостите направија серија од (11-2), со која се доближија на малку поприфатливи за нив, (40:55). Но и тоа не траше долго, затоа што доста брзо, домашните кошаркари ја вратија позитивата на 20.поени (61:41), а нешто потоа имааа и повисоки (63:42).

Слично беше и по три одиграни четвртини (77:59).

А слично како и во овој дел од играта, гостите од Скопје направија и воо онаа последната. Уште еднаш ја намалија таа висока негатива, дојдоа на -12 (72:84), кога останаа четири минути до крајот.

Одлично одработи „трилингот“ на МКК Куманово, Радукиќ-Стевановиќ-Луковиќ. Искомбинираа најголем дел од поените за домашната екипа коај останува на максимален ефект по три одиграни рунди.

Луковиќ забележа дабл-дал ефект од 22.поени и 18.скока, До ист број на поени дојде и Стевановиќ (имаше по 4.скока и асистенции), Радукиќ додаде 14.поени (и 8.асистенции), а двоен број на поени, по 13, имаа искусниот Јанески и репрезентативецот Митевски.

Четворица „двоцифрени“ играчи имаше во редовите на Феникс 2010. Рахама реализираше 22.поени (и 7.скока), Дајс постигна 16, а Златевски и Донзо имаа по 12.

Последните два натпревари од ова трето првенствено коло ќе се играат во петок навечер. Во Битола, Пелистер го дочекува Маџари, додека екипата на Ангели е во улога на домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.

ПретходноЈетон Беќири: Ова е успех за Шкендија, но и за цела македонска лига!
СледноПелистер со нов пораз во ЛШ, сепак Магдебург е европски првак!