Пелистер со нов пораз во ЛШ, сепак Магдебург е европски првак!

110

Во меч од 6.коло во ракометната Лига на Шамиони, вечерва Пелистер доживеа нов пораз, и тоа на гости од Магдебург со 36:26.

Може да се каже дека ова е очекуван пораз ако се знае дека Магдебург е европски шампион и е некој друга димензија во ракометот и не само за нашиот шампион.

Ракометарите на Пелистер се трудеа колку што можеа, на моменти одиграа и навистина добро, но сепак на крајот Германците во целост ја оправдаа улогата на голем фаворит.

Ова за нив е шеста победа во шестиот меч во групата Б, Пелисте го доживеа и петтиот пораз. Јасно е дека битолчани ќе мора бодови да бараат против други противници.

Почетокот и не беше така лош, во еден момент резултатот гласеше 6:5, но домашните сепак брзо дојдоа до 11:7.

Филип Кузмановски и тоа како беше мотивиран против својот некогашен клуб, постигна и неколку убави голови, но сепак и тоа не беше доволно за подобар резултат. На пауза се замина со 19:13.

Во продолжение од средбата Магнусон продолжи да ја полни мрежата на битолчани, кои беше евидентно е дека паднаа.

До крајот на мечот тренерот Гарабаја им даде шанса на неколку играчи од клупата, додека Магдебург не знаеше за доста.

Најефикасен на мечот беше Магнусон со десет голови од десет обиди. Кај Пелистер капитенот Кузмановски заврши со 6 голови, Хаџиќ постигна четири.

На останатите мечеви вечерва се постигнаа следните резултати:

Динамо Букурешт – Киелце 24:28, Веспрем – Фуксе Берлин 31:32, ПСЖ – ГОГ 34:36, Висла – Барселона 24:24.

ПретходноМКК Куманово го победи Феникс 2010 за “три од три“
СледноЦ. Звезда си “гази“, победа и против Басконија!