ЛЕ и ЛК: “Шумарите“ славеа против Порто, Динамо Загреб во 90+6.минута се спаси од пораз!

66
ФОТО: Nottingham Forest/FB

Во дербито на 3.коло во Лигата на Европа, Нотингем Форест со 2:0 славеше против Порто. Стрелци на головите беа Гибс-Вајт и Игор Жезус. Се разбира дека најсреќен за оваа победа беше новиот стратег Шон Дајч.

Се играше 90+6.минита кога Динамо Загреб на гостувањето кај Малме постигна гол и се спаси од пораз за конечни 1:1.

Викторија Плзен направи сензација, ја победи Рома среде Рим со 1:2.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Селта – Ница 2:1, Селтик – Штурм 2:1, Феенорд – Панатинаикос 3:1, Фрајбург – Утрехт 2:0, Лил – Паок 3:4, Макаби Тел Авив – Митјиланд 0:3, Јанг Бојс – Лудогорец 3:2.

Вечерва се одиграа и неколку интересни средби од 2.коло во Лигата на Конференции, коло во кое Шкендија славеше против Шелбурн со 1:0.

Тихо Костадинов одигра 65.минути за Сигма во ремито со Раков.

Еве ги резултатите од останатите мечеви: Аек – Абердин 6:0, Дрита – Омонија 0:0, Алкмар – Слобан 1:0, Хакен – Рајо 2:2, Рапид – Фиорентина 0:3, Кристал Палас – Ларнака 0:1…

ПретходноЦ. Звезда си “гази“, победа и против Басконија!
СледноСпектакл во Денвер – Јокиќ промаши за победа, луда партија на Кари (ВИДЕО)