Поранешната ѕвезда на Тотенхем, Сон Хјунг-Мин (33), би можел оваа зима да се појави како решение за Милан, бидејќи наводно размислува за позајмица од типот „Дејвид Бекам“ за да ја одржи формата пред Светското првенство 2026.
Сон минатото лето, по една деценија во дресот на Спарс, го напушти Лондон и потпиша за ЛАФЦ во МЛС, каде што ја отвори сезоната со девет гола на првите десет натпревари.
МЛС има календар различен од европските лиги — започнува кон крајот на февруари и трае до средината на октомври, а потоа следува плеј-офот чието финале, МЛС купот, е закажано за 6 декември. Потоа следува подолга пауза која овозможува краткорочни зимски позајмици. Поради тоа, според пишувањето на британскиот The Sun, Сон размислува за привремено враќање во Европа, по примерот на Дејвид Бекам, кој од ЛА Галакси одеше на позајмица во Милан за да биде во ритам пред СП 2010.
Британските извори наведуваат дека Милан е меѓу клубовите што би можеле да реагираат во јануари, доколку ЛАФЦ даде согласност. Како алтернативи се споменуваат и Тотенхем, неговиот поранешен клуб, како и враќање во Јужна Кореја. Договорот што го потпиша со ЛАФЦ наводно содржи таканаречена „Бекам клаузула“, која му овозможува краткотраен престој во Европа за време на зимската пауза.
Својата кариера ја градел од заминувањето од Јужна Кореја во Хамбург во 2008 година, потоа преку Баер Леверкузен, а во 2015 година пристигна во Тотенхем, каде одигра 445 натпревари и постигна 173 гола, освојувајќи ја Европската лига во 2025 година како капитен.
Во МЛС моментално е мошне ефикасен — со осум погодоци и три асистенции на девет натпревари — па во паузата по завршувањето на сезоната би можел да ја искористи можноста за враќање во Европа. Освен Милан, каде би можел да ја дели соблекувалната со Лука Модриќ, заинтересирани се и Тотенхем и Баерн Минхен, што би можело да ја отвори опцијата за повторно обединување со Хари Кејн.
Според податоците на Transfermarkt, пазарната вредност на 33-годишниот Сон се проценува на околу 20 милиони евра.










