Нејмар на раскрсница – пред него има две опции

59

Медиумите во еден момент го преселија во Европа, се зборуваше дека може да оди во Серија А, но се чини дека ништо нема да се случи од неговото враќање на Стариот континент.

Според каталонскиот весник Спорт, Нејмар има две опции. Првата е да го продолжи договорот со Сантос и да остане во Бразил.

А второто потенцијално сценарио е преселба во МЛС лигата, каде што би го носел дресот на Интер од Мајами. Таму би го чекале неговите соиграчи од Барселона – Лионел Меси и Луис Суарез.

Нејмар сака да биде на списокот за патување за Светското првенство во 2026 година, но за тоа ќе му треба континуитет и сериозен фудбал. Затоа сакал да оди во Европа, но истиот извор наведува дека ниту еден клуб во моментов не го гледа во своите редови.

ПретходноДанило Брестовац со перфектен старт во Катар
СледноСо победата над трикратниот европски првак ШК Алкалоид во борба за тронот