Младост УГД го отвори колото со победа, шампионот гостин во Кичево

28
фото: Macedonian volleyball federation (instagram)

Со натпреварот меѓу Младост УГД и Вардар ЕМ веќе започна третото коло од домашниот одбојкарски шампионат кај дамите. Штипјанки дојдоа до очекуваната победа во три сета, па денеска ќе се фокусираме на преостанатите дуели кои треба да го комплетираат колото, со исклучок на мечот меѓу Работнички и Газели Волеј кој ќе се одигра во понеделник.

Денеска дерби дуелот ќе се одигра во Струмица, каде амбициозниот новајлија во елитата, екипата на Пелистер Волеј ќе се обиде да го изненади составот на Наковски Волеј кој полека се подготвува и за првите европски настапи.

Интересно ќе биде и на вториот натпревар во Струмица, каде истоимениот градскиот состав го пречекува тимот на Фит Фан Волеј. Гостинките се надеваат дека ќе успеат да направат изненадување и да ги освојат првите бодови оваа сезона.

Шампионот Јанта Волеј по историската победа во ЛШ, денеска е гостин во Кичево кај Ускана.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 3 КОЛО

ДЕНЕСКА:

13.00 Ускана – Јанта Волеј

18.00 Наковски Волеј – Пелистер

19.00 Струмица – Фит Фан Волеј

Понеделник: Работнички – Газели Волеј (17.30)

Младост УГД – Вардар ЕМ  3:0 (25:18, 27:25, 25:19)

ПретходноРаботнички нема избор, Македонија ЃП сака три бода на Арената
СледноСтруга ТЛ го чува врвот, Брера пред тешка мисија