Одермат прв на премиерниот велеслалом во Зелден сезонава

23

Марко Одермат од Швајцарија е победник на денешниот премиерен велеслалом на стартот на новата ФИС скијачка сезона.

На првата трка од Светскиот куп по тешки, снежни и ветровити услови, искусниот Одермат водеше и во првата трка, а во продолжението, кое што доцнеше со стартот поради временските услови само ја потврди денешната доминација.

На втората позиција се пласираше домашниот Марко Шварц кој што заостана 24 стотинки додека трет е Атле Мекград од Норвешка.

 

ПретходноТорино со пресврт до домашен триумф против Џенова
СледноБруно Фернандо е нов центар на Партизан