Јамал беше убедливо најслаб на „Ел Класико“, Белингем оценет како „играч на мечот“

104
фото: Vibes Foot (X)

Најголемата ѕвезда на екипата на Барселона, Ламин Јамал ја доби најлошата оценка за настапот на денешното „Ел Класико“, според шпанскиот весник „Марка“. Настапот на Јамал беше оценет со 4, што беше убедливо најлошата оценка која ја доби некој од играчите кои го одиграа денешниот дуел.

За нијанса подобро оценети од Јамал беа Кунде (4,5), ерик Гарсија (4,5), Алекса Балде (4,5) и Кубарси (4,5), додека убедливо најдобар поединец кај поразените беше голманот Шчесни со оценка 8.

Највисока оценка од фудбалерите на Реал (М) доби Џуд Белингем – 9. Мбапе беше оценет со 8, додека најслаб на теренот кај Реал беше Арда Ѓулер, кој доби оценка 5.

ПретходноПелистер не го менува ритамот, лесно до „четири од четири“
СледноСрбија без Александар Митровиќ ќе гостува во Англија