Вардар без Кастањеда против Шкендија, Закариќ и Јанкулов се фит

127

Тимот на Вардар денеска во еден од најважните мечеви во оваа полусезона, а можеби и во целиот шампионат, со оглед на тоа како се движат нештата, ќе мора да настапи без аргентинскиот интернационалец Диего Кастањеда. Тој има незгодна повреда, за која што ќе треба посериозен третман, и паузата е неминовна. Според неофицијалните информации, офанзивецот кој доби голема минутажа периодов ќе паузира некаде до втората половина на ноември.

Од друга страна пак, што се однесува до Горан Закариќ односно Георгије Јанкулов ситуацијата е спротивна. Тие двајца се фит, и се во комбинација за денешниот дуел во Тетово.

Вардар има доволно играчи на располагање во моментов, односно ростерот е доволно голем за да зависи од еден или два играчи.

ПретходноАраухо одби да коментира, Де Јонг порача: Не ги разбирам во Реал, видов многу агресивни луѓе
СледноЗејнулаи пред дуелот со Вардар: Дерби не се игра, туку се добива