Ужасна вест за Конте: Де Брујне во аут најмалку четири месеци!

40

Ужасна вест за сите во Наполи, а посебно за стратегот Антонио Конте. Имено најновите информации од Италија велат дека Кевин де Брујне, најдобриот фудбалер на актуелиниот шампион ќе биде во аут најмалку четири месеци.

Колку за потсетување, Конте не може да смета веќе одамна и на Ромелу Лукаку, исто така репрезентативец на Белгија.

Официјално од Наполи потврдија дека станува збор за сериозна повреда на бутниот мускул со која се здоби на мечот со Интер кога го изведуваше пеналот.

ПретходноПознати се термините за 11. и 12. коло: Пелистер со Тиквеш и Вардар ќе игра под рефлектори
СледноЛазаров:„Со Манасков ќе бевме поквалитетни, но тој го одби повикот“!