Без Митревски против Јапонија, дополнителен повик за Кизиќ!

66

Македонската ракометна репрезентација после долго време е заедно. Причина за тоа е ЕХФ неделата посветена на националните тимови. Во оваа седмица селекторот Кирил Лазаров ќе има шанса да ги провери квалитетите на одредени млади ракометари кои што се најдоа на списокот како и да одиграат два пријателски мечеви со Јапонија, едниот од нив ќе биде отворен за јавноста и ќе се играна 1 ноември во Куманово, додека другиот ќе биде од затворен за јавноста и ќе се одигра во салата „Автокоманда“.

На списокот на Лазаров се најде Никола Митревски,но искусниот репрезентативен голман денеска се појави на собирот со тоа што нема да тренира со остатокот на тимот бидејќи поради ситна повреда го извести селекторот дека мора да биде поштеден од оваа ЕХФ недела затоа што РК Пелистер во моментов има проблем на голманската линија. На негово место е повикан Марко Кизиќ, кој заедно со Мартин Томовски и младиот Иван Галевски ќе бидат голманите на Македонија за средбите со Јапонија.

ПретходноЛазаров:„Со Манасков ќе бевме поквалитетни, но тој го одби повикот“!
СледноПолувреме на дербито во Тетово: Шкендија имаше зицер, Најдовски и Талески спасија водство за домаќинот (ВИДЕО)