Фановите на Наполи во шок: Спалети на клупата на Јуве?! Што ќе биде со тетоважата?

133
ФОТО: SSC Napoli/FB

Откако Игор Тудор утринава и официјално доби отказ од Јуве, раководството на гигантот од Торино е во потрага по нов стратег. Еден од оние кои клубот веќе ги “пикирал“ е Лучиано Спалети, екс селекторот на Италија.

По оваа информација фановите на Наполи се во шок. Тие не можата да “сварат“ дека Спалети би бил тренер на Јуве, клубот е архи непријател на Наполитанците.

На социјалните мрежи го прашуваат Спалети што ќе прави со тетоважата, направена по крајот на 2022/23 сезона кога тој ја направи на раката, по повод шампионската титула во Серија А.

Од друга страна од Спалети нема никаква изјава за тоа дали прифатил или не преговори со Јуве.

ПретходноПобедничко селфи: Вардар на врвот на Шара!
СледноБразилецот ја претера: Реал Мадрид ќе го казни Винисиус!