Донарума си кажа: Халанд е подобар од Мбапе!

28
ФОТО: Manchester City/FB

Џиџи Донарума, голманот на Манчестер Сити е единствен кој им бил соиграч на Килијан Мбапе и на Ерлинг Халанд. Според него Норвежанецот е подобар играч.

Како што е познато, Донарума пристигна во Париз како слободен агент во летото 2021 година заедно со Лео Меси и Серхио Рамос, и ја делеше соблекувалната со Килијан Мбапе, кој се пресели во Реал Мадрид во летото 2024 година.
Донарума остана уште една година, тоа ќе се покаже како најдобра одлука, бидејќи ПСЖ ја освои Лигата на шампионите без Мбапе. Италијанецот потоа одлучи повторно да замине, овој пат во Манчестер Сити.
„Попрво би го имал Халанд отколку Мбапе во мојот тим. Сигурен сум дека Халанд го има најмоќниот шут на светот. Тој е левоног, различен профил на напаѓач од Мбапе. И двајцата се многу тешки противници, одлуката не е лесна, но мојот избор е Ерлинг“, рече Донарума.

ПретходноЕндрик на позајмица во Лион до јуни 2026?!
СледноМајсторија на Чалханоглу и магија на Сучиќ, Интер ја победи Фиорентина!