Милевски: Бевме подобри, одигравме одлични 70 минути, резултатот е неправеден!

1280

Селекторот на македонскиот национален тим, Благоја Милевски ги искажа своите импресии од натпреварот. Тој рече дека Македонија беше подобар противник, дека покажала врвен фудбал, но дека головите ги примивме по наша грешка.

„Мислам дека Македонија беше подобар противник денеска. Покажа врвен фудбал 75 минути. Мислам дека неправеден е овој резултат, но честитки за Исланд, дека покажа карактер, и не се откажа до крај, но од друга страна мора да бидам задоволен од момците како го одиграа, не како го завршија. 70 минути одиграа перфектен фудбал, головите кои ги примивме беа по наша вина“, рече Милевски.  

За селекторот пресуден момент бил првиот примен гол, по што потоа психолошкиот момент бил пресуден.

„После голот кој го примивме по наша грешка, психолошкиот момент беше пресуден. А што подетално се случи, ќе направиме подетална анализа, но пак ќе повторам дека на крај Македонија незаслужено загуби два бода“.

Милевски вели дека ништо не е загубено за едно од првите две места во групата, во оваа, како што ја нарече, изедначена група.

„Нашата група е составена од подеднакво квалитетни репрезентации, и секој со секого да победи. До крај има уште многу да се игра, и не е ништо загубено барем за тоа второ место. Психолошкиот момент ќе биде најважен за Романија. Ќе направиме се да ги вратиме играчите. Многу е тешко после ваков меч, но за жал после наши грешки индивидуални грешки не успеавме да го приведеме мечот до крај. Треба да ни биде правец играта во првите 70 минути“, вели Милевски кој напомена дека измената на Барди не влијаела на конечниот резултат, и дека бил заменет поради замор.

Околу судењето и реакциите кон арбитрите, Милевски одговори:

„Тоа се емоции за време на мечот, не би коментирал ништо додека не ги погледнам повторените снимки“, истакна Милевски.

Селекторот истакна дека Бобан Николов тренира одводено, и дека ќе биде во комбинација за следниот натпревар со Романија.

ПретходноСАМОУБИСТВО во Рејкјавик….
СледноСе распаднавме во финишот (ФОТОГАЛЕРИЈА)