Пауновиќ и официјално е нов селектор на Србија

53

Она што се најавуваше како решение изминатите неколку дена, предмалку доби и официјализација.

Вељко Пауновиќ е наследникот на Драган Стојковиќ на клупата на фудбалската репрезенатција на Србија.

Откако Пикси си замина по поразот од Албанија на домашен терен, србите бараа решение за неговата замена, а одлуката падна на Пауновиќ, кој што беше и фаворит на јавноста.

Вељко Пауновиќ е човекот кој на Србија и донесе светска титула до 20 години своевремено, и од него се очекува да го врати култот на националниот тим кој што е загубен изминатиот период.

Тој како што е добро познато е роден во Струмица, а неговата мајка е македонка.

ПретходноПМФЛ полувреме: Струга ТЛ со водство против Шкупи
СледноТалески си заминува од Вардар