Италијанците станаа светски рекордери по број на натпревари без пораз

448

Репрезентацијата на Италија вечерва одигра 0:0 на гостувањето кај Швајцарија и освои бод на „Сен Јакобс парк“ во Базел, а можеше да биде поинаку затоа што „Аѕурите“ промашија удар од белата точка во второто полувреме (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ)

Сепак со ремито поставија светски рекорд по број на едноподруго натпревари без пораз. Нивната серија сега изнесува 36 меча на кои не знаат за пораз со што ги урнаа претходните рекорди на Бразил и Шпанија. Шпанците имаа серија од 35 меча без пораз од 2007 до 2009 година, а исто толку имаше и Бразил од 1993 до 1996 година.

Италијанците во оваа одлична низа забележаа 29 победи, седум нерешени во Лигата на нациите, квалификациите за ЕП 2020, квалификациите за СП 2022 и ЕП 2020 како и пријателските натпревари.

 

ПретходноГерманците ги „здробија“ Ерменците, Романија се загреваше против Лихтенштајн
СледноСане се сели во Лондон, Челзи за возврат нуди тројца, “баварците“ треба да одберат!