Кузмановски, Дамјановска, Лазаров и Симовски се годинешните лауерати

161

Македонската ракометна федерација вечерва на свечена церемонија во хотелот „Хилтон“ ги додели признанијата за најдобрите за годината што изминува во 14 категории.

РФМ им оддаде почит на двајцата тренери кои веќе не се меѓу нас порачувајќи дека никогаш нема да бидат заборавени: Илија Темелковски и Александар Јовиќ.

Поранешниот македонски селектор, Темелковски доби награда постхумно за посебен придонес во ракометот.

Наградата за најдобар ракометар ја доби Филип Кузмановски, додека пак во женска конкуренција отиде во рацете на Катерина Дамјановска.

Најдобар тренер во машка конкуренција е Кирил Лазаров, кој со Алкалоид го освои ЕХФ Европскиот Куп. Во женска конкуренција за Симе Симовски од Ѓорче Петров.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИ:

*Најдобар ракометар: Филип Кузмановски (Пелистер)

*Најдобра ракометарка: Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров)

*Најдобар млад ракометар: Димитар Узунчев (Бутел Скопје)

*Најдобра млада ракометарка: Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда)

*Најдобар странец во машка категорија: Дмитро Хориха (Вардар 1961)

*Најдобар странец во женска категорија: Ана Вранчиќ (Ѓорче Петров)

*Најдобар стрелец во машка категорија: Давид Димевски (Куманово) со 237 гола

*Најдобар стрелец во женска категорија: Марија Анчева (Астибо Штиб) 290 гола

*Најдобра судиска двојка: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

*Тренер во машка категорија: Кирил Лазаров (Алкалоид)

*Тренер во женска категорија: Симе Симовски (Ѓорче Петров)

*Признание за посебен придонес во ракометот: Илија Темелковски (постхумно)

*Најдобар ракометар од фановите: Никола Митревски (Пелистер)

*Најдобра ракометарка од фановите: Теодора Гулицоска (Чаир)

ПретходноАморим по ремито со Форест: Ова е добар резултат, играме се подобро
СледноЈакимовски втор стрелец за Тренто во поразот од Виртус Болоња