Спалети тргна со победа на клупата на Јувентус

38
фото: JuventusFC (X)

Екипата на Јувентус ја совлада екипата на Кремонезе со 1:2 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Лучиано Спалети го започна својот мандат на клупата на Јуве со многу важна победа.

Филип Костиќ го отвори резултатот уште во втората минута и со тој резултат екипите заминаа на одмор. Во вториот дел Камбиасо ја зголеми предноста за гостите во 68-та минута, а во 82-та Џејми Варди го постигна својот втор погодок во дресот на Кремонезе и го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Јувентус се качи на 5-тото место на табелата со 18 бода, додека пак Кремонезе се наоѓа на 9-тата позиција со 4 бода помалку.

ПретходноРајс и го посвети голот на својата тетка: Ја сакав лудо, доаѓаше на секој натпревар за да ме гледа!
СледноСалах и Гравенберх како мелем на рана за Слот