Салах и Гравенберх како мелем на рана за Слот

34
фото: Liverpool FC (X)

Фудбалерите на Ливерпул конечно победија во Премиер Лигата со 2:0 на вечерашниот натпревар против екипата на Астон Вила. По 4 последователни порази во најсилната лига на светот, актуелниот шампион конечно успеа да пружи една добра партија и без поголеми проблеми да ја совлада бледата Астон Вила.

Мохамед Салах го постигна првиот гол на натпреварот во 46-тата минута, а водството на домаќините го зголеми Гравенберх во 58-та минута. Со оваа победа фудбалерите на Арне Слот се искачија на 3-тото место на табелата со 18 бода, а Астон Вила се наоѓа на 11-тата позиција со само 3 бода помалку.

ПретходноСпалети тргна со победа на клупата на Јувентус
СледноРеал како фурија, Валенсија немаше шанси