Дориев прецизен од пенал, за 15. гол сезонава

106

Љупче Дориев не престанува да ги тресе мрежите во шампионатот на Узбекистан. Денеска струмичанецот беше дел од победата на неговиот тим Согдиана на домашен терен од 3:0 против тимот на Куизикум, а нашиот напаѓач го отвори резултатот во првиот дел со презицен удар од белата точка.

За Дориев ова е 15. гол сезонава во шампионатот, а додаде и шест асистенции.

Веќе има „заработено“ и награди од типот на најдобар играч на месецот, а еден од неговите погодоци беше избран во исто време и за најубав.

 

Претходно„Никој не веруваше дека Аморим ќе биде тренер“
СледноДербито во Битола за Александар Грујоски