Левандовски го прескокна Клосе, Роналдо останува недостижен

195

Полска убедливо го совлада Сан Марино со 7:1 во квалификациите за СП во Катар, а двоен стрелец беше напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.

Тој го постигна првиот и третиот гол за својот тим и со тоа стигна до бројката од 72 гола во дресот на репрезентацијата. Со овие два гола, Левандовски го „прескокна“ Мирослав Клосе и сега е во Топ 4 на најдобрите европски стрелци за репрезентации.

Сепак на оваа листа недостижен останува Кристијано Роналдо, кој пред неколку дена стигна до рекордни 111 погодоци.

ПретходноГудјонсен против Македонија го доби третиот стрелец во дресот на Исланд
СледноЕкс-вардарецот после седум години се врати во Русија