Формула 1 размислува за драстична промена на правилата за 2026!

50
ФОТО: Formula 1/X

Комисијата на ФИА за Формула 1 размислува за голема промена на правилата што би стапила на сцена во следната 2026 сезона. Се наведува дека оваа промена не се однесува на техничките спецификации, туку на начинот на кој се водат трките. Идеја е од 2026, возачите да бидат обврзани да ги користат сите три вида пневматици за суф асфалт на сувите трки. Ова значи дека тие ќе мораат да имаат по две застанувања во боксот за време на трките.

Одделно, максималното времетраење на еден стинт ќе биде ограничено на максимални 45% од растојанието на трката. Ова ќе спречи возачот да менува пневматици за време на раното излегување на безбедносното возило, а потоа да вози до целта без да застане во боксот.

ПретходноПознати се термините за 13.коло во ПМФЛ: Вардар – Тиквеш се игра в недела!
СледноДе Роси ќе биде нов тренер на Џенова