Андри Гудјонсен, синот на легендарниот Ејдур Гудјонсен, кој играше за Челзи и Барселона, вчера го постигна дебитантскиот гол за Исланд за реми против македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за СП во Катар.
Можеби неговиот гол не беше ништо посебно, но тој е третиот член од семејството Гудјонсен кој дава гол за националниот тим на Исланд.
Пред него, неговиот дедо Арнор беше исландски репрезентативец и даде 14 гола во националниот дрес, а неговиот татко и најдобриот во историјата на исландскиот фудбал, Ејдур со 26 погодоци.
Андри Гудјонсен игра за младинските категории на Реал Мадрид и тој гласи за голем талент во Исланд. Сите се надеваат дека ќе надмине и неговиот татко, кој за Исланд дебитираше 1999 година против Андора.