Ако по утрото се познава денот: Седумте победи на Оклахома носат нова шампионска титула?

43
фото: OKC THUNDER (X)

Актуелните шампиони во НБА лигата, Оклахома сити Тандер со синоќешната победа над Њу Орлеанс, ја продолжија својата серија без пораз од стартот на сезоната.

Оклахома Сити влезе во елитниот клуб на НБА, станувајќи само третиот тим во историјата на лигата што започнал две сезони со седум победи по ред.

Претходно, само Бостон (сезоните 1963/64 и 1964/65) и Хјустон (сезоните 1993/94 и 1994/95) го постигнаа овој подвиг и интересно и двата клуба ја освоија шампионската титула во тие сезони. Оклахома Сити Тандер минатата сезона првпат тргна со 7-0 и исто така стана шампион. Останува да видиме дали историјата ќе се повтори и оваа сеозна.

ПретходноЕндрик во јануари заминува во Франција, се чека „амин“ од Реал
СледноАлонсо, Трент и делегација на Реал Мадрид му оддадоа почит на Жота (ФОТО+ВИДЕО)