Жижовиќ се пожалил за време на ручекот пред мечот: „Никој не го сфати сериозно“

842

Во текот на вчерашниот ден се случи голема трагедија. За време на првенствен меч во Србија, во Лучани почина тренерот Младен Жижовиќ. Младиот стратег кој го водеше и Шкупи се струполи во 22-та минута од натпреварот меѓу Младост од Лучани и Радничкои од Крагуевац. Брзата помош веднаш реагирала, но неговото срце прстанало да чука.

Од клубот за српските медиуми открија дека Жижовиќ не се чувствувал добро и пред мечот, за време на ручекот, се пожалил на мачнина.

„Слушнавме дека пред натпреварот, на ручек, се пожалил на мачнина, но никој не го сфатил сериозно. Со брза помош го однеле во Здравствениот дом во Лучани. Таму се обиделе со реанимација, но безуспешно. Срцето му престанало да чука на стадионот и немало начин да се спаси“, пишуваат српските медиуми. 

Младен Жижовиќ почина на 44 години и зад себе остави две ќерки и еден син.

ПретходноТФТ има шанса да остане перфектен, МЗТ во Бања Лука најави два сигурни бода во „џеб“
СледноАсамоа во Германија доби „Орден за заслуги“