Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

64
фото: Inter Xtra (X)

Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа договорот за купопродажба утрово. Клубовите веќе ја платија првата рата од 73 милиони евра на градот, а вкупната цена за аквизиција ќе биде 197 милиони евра, намалена за 22 милиони евра што Градот ги обезбеди како придонес за реконструкција на тунелот Патрокло и санација на околното земјиште, пренесуваат медумите во Италија.
Договорот бил склучен по состанокот утрово. На него присутни биле и градски претставници, но без градоначалникот Џузепе Сала, кој моментално е во Бразил. Преносот на сопственоста се случи во трка со времето, само пет дена пред 10 ноември, датумот кога ќе стапи на сила архитектонската заштита на вториот прстен на стадионот, што ќе го оневозможеше планираното рушење.

По се ова сега може конечно прво овој стадион да се урне, а на негово место да за изгради нов,модерен стадион.

Претходно„Дерби на Македонија“: Минута молчење во чест на починатиот Зоран Петковски!
СледноПолувреме во Битола: Тврдо дерби без шанси помеѓу Пелистер и Вардар