Се огласи и Ѓорѓевиќ за “Чациленд“: Некогаш се гордеев со мојата земја…

91
ФОТО: KSS.RS

И дефинитивно Александар Вучиќ добива се поголем број познати противници. Претседателот на Србија одамна е на удар од страна на Новак Ѓоковиќ и уште многу други познати личности и спортисти…а од вчера својот глас го крена и „Сале Национале“, легендарниот Александар Ѓорѓевиќ кој на социјалните мрежи постираше човечка порака до јавноста.

Како што пиша, тој е згрозен од луѓето кои се во “Чациленд“ кои со неприкладни песни и се обраќаа на мајката на еден од загинатите во трагедијата со настрешницата во Нови Сад.

Искрено, тоа беше толку грозоморно, што не сакаме ниту да го опишеме, ама ете Вучиќ има поддршка од такви личости.

Шокиран од тоа што го видел и слушнал, Ѓорѓевиќ револтиран се огласи со следната порака:

Некогаш безрезервно се гордеев со својата земја, горд во одбраната на нејзините бои, вредности, историја…. Сега ми е срам од безчувствителноста, поразителната нечовечност што зрачи од темнината на „Чациленд“, напиша Александар Ѓорѓевиќ.

ПретходноШкендија VS Јагиелонија: Шампионот подготвен за нов подвиг во Лигата на Конференции!
СледноМитев: Подготвен и мотивиран за се што следува