Британскиот пилот Ландо Норис (Мекларен) прво победи на спринтот денеска на патеката Интерлагос, а потоа во квалификациите за утрешното Гран При на Сао Паоло, го имаше најбрзиот круг и ја освои најдобрата стартна позиција.
На лидерот во генералниот пласман кај возачите му помогнаа и резултатите на неговите најблиски конкуренти во трката за титулата. Имено, неговиот тимски колега Оскар Пјастри заврши во заштитната ограда во шестиот круг во спринтерската трка и остана без бодови, а квалификациите ги заврши на четвртото место, па утре ќе мора да стартува од вториот ред.
Пјастри е девет бода зад Норис пред утрешната трка, додека четирикратниот светски шампион Макс Верстапен (Ред Бул) е 39 бода зад него. Во квалификациите, во сосема неочекувано Холанѓанецот испадна во првиот од трите дела о утре ќе стартува како 16-ти.










