Брера би била перфектен „лек за раните“ на Пелистер

49
Фото: ФФМ

По два натпревари на домашен терен, фудбалерите на АП Брера денеска (13 часот) ги очекува гостување во Битола, каде ќе ги одмерат силите со Пелистер. Ќе биде тоа тежок дуел за избраниците на Мартин Алаѓозовски, со оглед дека на домаќинот му се потребни бодови во битката за опстанок. Битолчани зад себе го имаат поразот од Вардар, па со помош на своите фанови ќе се обидат да дојдат до победа која ќе ја врати самодовербата/

Но, АП Брера нема намера да отстапи од својата филозофија, да се надигрува со противниците и да игра „за гол повеќе“. Тоа даде ефект на последните две гостувања, кога струмичани славеа против Струга Трим Лум (2-4) и против Работнички (3-4).

По сличен рецепт, составот на Мартин Алаѓозовски, ќе се обиде да стигне до позитивен резултат на денешното гостување на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Во пресрет на 13-тото коло од Прва МФЛ, тимот на АП Брера се наоѓа на шестата позиција со 15 освоени бода, додека Пелистер е десетти со осум бода.

ПретходноОд Тиквеш едногласни: Знаеме кон што се стреми Вардар, но ние имаме свои амбиции и мотиви
СледноЃоревски преку МЗТ Скопје ги искористи своите „пет минути“ да го „исплука“ раководството на Пелистер