Пливачот ПК Вардар, Јован Јанковски постави нов државен рекорд во дисциплината 100 метри делфин со феноменално време од 54.35 секунди!
Стариот рекорд на Марко Блажевски (54.75) падна, а новото време го пишува Јован пливач со срце и ум на вистински шампион!
И како да не беше доволно, веднаш потоа настапи на 200 метри слободно и го сруши и својот личен рекорд 1:50.86!










