Македонскиот боксер Ален Рустемовски ќе боксува за злато на европското првенство за помлади јуниори до 23 години кое се одржува во Ерменија. Тој вчера против Артрур Аветикјан славеше со едногласна судиска одлука, па сега со нетрпение ја очекува утрешната финална борба за евентуално освојување на злато.
Ален во утрешното финале (по 18 часот) ќе се сретне со Јури Аветијан од Русија.
За разлика од него, Адријан Рустемовски мораше да се задоволи со бронзен медал, откако во полуфиналето загуби од Матиев од Русија со прекин во третата рунда.










