Норис со втора победа на Интерлагос викендов, фантастичниот Макс дојде до подиум

31
фото: Formula 1 (X)

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е победник на трката за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос. Британецот кој тргна прв на стартот, возеше одлично на познатата патека и благодарение на беспрекорниот финиш круниса исклучителен викенд – триумф во Спринт и триумф на главната трка.

Второто место го освои Андреа Кими Антонели, кој заостана 10 секунди зад победникот. Во последните кругови, возачот на Мерцедес успешно се одбрани од актуелниот шампион Макс Верстапен, кој го комплетираше подиумот иако на стартот почна дури од 16-тото место.

Четвртото место му припадна на Џорџ Расел со Мерцедес, веднаш пред Оскар Пјастри од Мекларен.

Норис е лидер во генералниот пласман со 390 бода, 24 повеќе од второпласираниот Пјастри. На третата позиција е Верстапен, кој има 341 бод.

ПретходноИ Грнчаров поднесе оставка: Повеќе не сум тренер на Македонија ЃП
СледноРома го совлада Удинезе и го зазема врвот во Серија А