Серафимов: Одиме по добар натпревар против Летонија, па на најважниот меч во овие квалификации

75

Двата дуела кои што и претстојат на нашата фудбалска репрезентација на 13. против Летонија дома, и на 18. против Велс на гостински терен ќе означат крај на цела една кампања односно циклус. Дали истиот на крајот ќе биде усппешен односно дали Македонија истиот ќе го заврши без пораз како што е досега останува да видиме, но едно е сигурно, дека нашите репрезентативци се подготвени на се.
„Да, подготвени сме да го одиграме тој пријателски меч против Летонија, а потоа да одиме на најважниот дуел во овие квалификации, против Велс на гости. Тоа ќе биде еден тежок меч, исто онолку тежок колку што беше оној во Скопје против истиот противник. Секако, ќе сториме се за да стигнеме до позитивен резултат, а зошто не и до победа“ – вели Никола Серафимов, па продолжува.

„Кога играте против вака силни селекции, од светска класа, нормално е најголемиот товар да го понесе дефанзивата. Сепак, сум го кажал тоа многупати ќе го повторам и сега. Нашата дефанзива започнува со нашиот најистурен напаѓач. Заедно напаѓаме, заедно се браниме. Истото ќе се случува и на овој меч и се надевам дека ќе можеме да го издржиме нивниот притисок. Овој меч против Велс, нема да се разликува по ништо од претходните. Нашиот пристап е ист. Затоа и стигнавме до овде каде што стигнавме. Немаме проблем да играме против секого, и тоа и го покажавме„ – изјави Серафимов.

 

ПретходноКФСМ ги објави двете најдобри петорки – во нив има само еден македонски кошаркар!
СледноШкендија немаше милост за младинците на Македонија ЃП