Силекс со „петарда“ за Шкупи во Кратово

53

Ако во Тетово, денеска во рамките од новото коло во ПМФЛ шампионатот на дуелот помеѓу Шкендија и Македонија ЃП беа видени девет гола, стрелците во Кратово на мечот Силекс и Шкупи беа за нијанса понеефикасни.

Кратовци својот нов триумф го олицетворија во конечно 5:1, во меч во кој требаше да постигнат минимум уште толку голови. Сепак, тешкиот терен и долдливото време некако ги спаси гостите да не доживеат ама вистински дебакл, ако овие пет гола во нивната мрежа и не можат да се окарактеризираат како таков.

Голеадата ја стартуваше Ади Алиќ во седмата минута, за да по само три минути Пиреш да зголеми на 2:0. Алиќ со втор погодок за 3:0, а Мирчевски пред полувреме реализира за 4:0.

Рибеиро на изненадување на сите намалува на 4:1, но Мирчевски со својот гол во 57. минута веќе прави 5:1.

Шансите кои подоцна Силекс ги создаде не ги реализираше, а односот на силите на теренот едноставно не му даде никаква шанса на Шкупи да стори нешто повеќе.

 

ПретходноШкендија немаше милост за младинците на Македонија ЃП
СледноМакедонија У21 од денеска во Охрид