Од денеска А-репрезантацијата на Македонија е во “погон“. Попладнево се одржа собирот, а попладнево и првиот тренинг на еден од терените на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија. Со ова се стартуваше “операцијата Велс“, меч од последното коло во квалификациите за СП 2026 во групата Ј.
Македонија му гостува на Велс на 18 овој месец, меч кој ќе решава дали на крајот ќе играме бараж преку квалификациите или ќе играме бараж за пласман на Мундијалот преку ЛН.
Веројатно на тој меч за нас доволен ќе биде и бод во Кардиф.
Секако дека претходно, на 13 ноември избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе имаат “генералка“, мечот со Летонија кој ќе биде од пријателски карактер, а ќе се игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 18 часот.
Како што се гледа од фотографиите, дождот само како да им даде сила на нашите момци да го одработат и повеќе од максимално.












