Французите нас не прегазија, но не ги победија Фарските Острови!

523

Големо изненадување во квалификациите за ЕП У21 се случи во Тофтир на Фарските острови. Домашната фудбалска репрезентација до 21 година одигра 1:1 против моќната Франција и така стигна до првото реми во групата но и до четвртиот бод во групата Х каде што е и Македонија.

Гуири ја донесе Франција во водство во 8. минута, а изедначи Стефан Локин во 55. минута.

Да потсетиме Македонија во 1. коло на гостувањето во Франција загуби со 3:0 во меч во кој домашните беа доминантни во секој поглед.

И Французите со овој бод имаат четири меѓутоа по две одиграни кола.

Македонија утре ќе игра со Србија во 2. коло.

ГОЛОТ НА ФРАНЦУЗИТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноУЕФА попушти: Се укинува забраната за гостински навивачи во Лигата на шампионите
СледноСТРУЧЕН КОМЕНТАР/ Јошко Миленкоски: Ја имавме Шпанија, но…