Супер интересно беше на средбата меѓу Мајами и Кливленд. Се играа и продолженија, ама на крајот победникот беше решен буквално во последната секунда, или стотинка со звукот на сирената.
Во тие моменти резултатот беше 138:138, а Мајими имаше аут на само 0,4 секунди до крајот.
И тогаш Никола Јовиќ со магична аистенција го пронаоѓа Ендрју Вигинс кој во скок ја зема топката и забива за победа.
Неверојатно. Ова не се гледа секоја ден.










