Зидан со порака: Наскоро се враќам…

154
ФОТО: Real MadridFC/X

По речиси четири години од како за последен пат го предводеше Реал Мадрид од клупата, легендарниот Зинедин Зидан деновиве најави дека наскоро повторно ќе се врати како тренер и дека ќе преземе некој тим.

Да потсетиме дека во изминатите 2-3 години неговото име се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Баерн Минхен, клубови од С. Арабија па дури и можно враќање на “Сантијаго Бернабеу“, но ништо од тоа не се оствари.

На прашањето кога би можело тоа да се случи, Зидан одговори:

Тоа ќе се случи наскоро, многу наскоро“.

Е, сега дали мислеше на селекторската клупа на Франција која ќе биде исопразнета по завршување на СП 2026 или на некој клуб, тоа само тој го знае.

ПретходноСтоле Димитриевски: Одбив 20 милиони евра од С. Арабија, со Барса веќе бев договорен!
СледноВојната продолжува: Јамал е отстранет од селекцијата на Шпанија!