Младите македонски таеквондисти со два медали на ЕП во Атина! (ФОТО)

40
ФОТО: Македонска Tаеквондо Федерација/FB

Голем успех за нашите млади таеквондисти на пионерското ЕП во Атина.

Бронза за Давид Петковски во категоријата до 36.кг. Тој прво со 2:1 го победи Толис Константинос од Грција. Следуваше триумф против Богдан Лимаренко од Полска со 2:0. Во 1/8 финалето победа против Флоудас Димитиос од Грција со 2:0, следуваше победа против Роидис Ѓорѓиос од Грција со 2:0 во 1/4 финалето и пораз во полуфиналето од Умуд Шабазов од Азербејџан.

Бојана Велковска освои бронза кај пионерките во апсолутна категорија.

Таа во полуфиналето беше поразена од таеквондистката која подоцна дојде и до титулата.

ПретходноШтипјани заминуваат за Норвешка: Не се плашиме од дебито на евро-сцената, мотивирани сме
СледноОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „КОЛЕКТИВНА КУЛТУРНА МЕМОРИЈА: ПОСТМЕМОРИЈА” ВО МАЛА СТАНИЦА