Стајиќ: Се додека постои шанса, ќе се бориме!

101
ФОТО: KK Pelister Bitola/FB

Кошаркарите на Пелистер продолжуваат со европските предизвици, експедицијата на битолскиот клуб денеска патува за Словачка, каде утре со почеток во 19 часот ќе му гостува на тимот на Приевидза.

Словачкиот тим е едиствениот што Пелистер го победи во ФИБА Европа Купот, на дуелот во Битола, а избраниците на тренерот Даскаловски веруваат дека со добро издание повторно ќе можат да го совладаат овој ривал, со што би останале во игра за второто место во групата.

Имавме еден меч со Приевидза и знаеме со каков противник ќе се сретнеме утревечер. Тоа е екипа што добро трча и во напад и во одбрана, настојува да диктира брза кошарка во висок ритам. Клучно ќе биде да одговориме на тоа, како што одговоривме во Битола каде покажавме дека можеме да ја победиме Приевидза. Имаме доста тежок распоред во изминатиот период и доколку физички одговориме на предизвикот, можеме да дојдеме до посакуваната победа. Шансите за пласман ни се мали, но сигурно кај нас постои мотивација за борба и за надигрување во оваа прва сезона во европските натпреварувања“, изјави Бобан Стајиќ, еден од најискусните во таборот на Пелистер.

ПретходноВардар 1961 во Шведска има само една цел – главна рунда во Европската лига
СледноТрајков: Имаме потенцијал, верувам дека ќе освоиме нови бодови!