Брилијантната игра на Стеф Кари му помогна на Голден Стејт да го победи Сан Антонио двапати за само неколку дена.
Синоќа, Кари постигна 49 поени во победата на Вориорс од 109-108, а на претходната средба со Тексас во средата, двократниот МВП на НБА лигата постигна 46 поени.
Кари (37) стана вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 45 или повеќе поени во два последователни натпревари откако наполнил 35 години. Само Мајкл Џордан претходно успеал да го направи ова.
Стеф постигна 40+ коша во два последователни натпревари за првпат од ноември 2022 година.










