Добра вест за Македонија: Велс остана без двајца клучни фудбалери!

200
Фото: Фудбалска Федерација на Велс

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги пакува куфери за Кардиф каде во вторник ќе ги одмери силите против Велс во рамките на претпоследниот квалификациски меч за пласман на СП 2026 година.

Станува збор за Итан Ампаду и за Џордан Џејмс. Капитенот на Велс и стрелецот на голот против Лихтенштајн сметаат дека незаслужено нема да се најдат во списокот на Велс за мечот со Македонија.

„Разочаран сум. Се нервирам затоа што не го допрев ривалот и ја освоив топката. Ни требаше победа и успеавме да ја добиеме. Моравме да бидеме трпеливи, имавме многу шанси“, вели Ампаду.

ПретходноНа Јокиќ и повреден ништо не му можат: Нов трипл-дабл на Србинот (ВИДЕО)
СледноМасовна тепачка во УФЦ: Тимскиот колега на Мекгрегор во конфликт со Дагестанци (ВИДЕО)