Гатузо: Се распаднавме и се посрамотивме

61
ФОТО: Nazionale Italiana di Calcio/FB

Италијанската фудбалска репрезентација доживеа тежок удар на „Сан Сиро“, каде што во беше поразена од Норвешка со 1:4 во квалификациите за Светското првенство.

И покрај водството на полувреме, Италијанците се распаднаа во продолжението и го запишаа првиот пораз под водство на селекторот Џенаро Гатузо. Норвешка така го потврди првото место, додека Италија ќе игра дополнителни квалификации за Мундијалот.

Кога Гатузо пристигна на прес-конференцијата, првото прашање беше зошто Норвешка во второто полувреме изгледаше како да се движи двојно побрзо.

„Не мислам дека проблемот беше физички, затоа што веднаш по паузата, во рок од 30 секунди, им дозволивме да дојдат до шанса, потоа се повлековме и тие почнаа да ја преземаат контролата.

Потоа почнуваш да трчаш на поинаков начин, игравме на начин кој ним им одговара и тие го искористија тоа. Не беше проблем во физичката подготвеност. Дури и при изнесување на топката од позадина беше сосема поинаку. Давиде Фратези повеќе не се отвораше широко. Престанавме да ги правиме правилните движења. За тоа најмногу ми е жал.

Им се извинуваме на навивачите и ја преземаме одговорноста. Ова за мене беше многу важен натпревар, игравме против силен тим и победата можеше да ни го подигне менталитетот за да го направиме следниот чекор. Не успеавме. Не смееме да се распаднеме и да се посрамотиме на начинот на кој сега го направивме тоа на првиот знак на проблем“, одговори селекторот.

Гатузо признава дека таа кревкост е нешто за што треба сериозно да се размисли пред продолжението, бидејќи Италија е во опасност трет пат по ред да го пропушти Светското првенство.

„Загрижувачки е, би бил лицемер ако кажам поинаку. Сега нема да се собереме три месеци, но не треба многу за да сфатиш дека добивме лекција“, рече Гатузо.

ПретходноНа познат фудбалер му извадиле клуч од автомобил од главата! (вознемирувачко фото)
СледноАлен Рустемовски го освои „Златниот гонг“