Македонија ја чека „пекол“, стадионот во Кардиф е распродаден

133

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 часот го игра последниот дуел од актуелната Мундијалска кампања на гостински терен против селекцијата на Велс.

Нашиот национален тим сеуште нема пораз во оваа кампања, планираме така и да остане, а што се однесува до утрешниот дуел ситуацијата е следна.

Стадионот во Кардиф каде што се игра дуелот Велс – Македонија е потполно распродаден. Последните информации од таму го кажуваат токму тоа. Капацитетот на објектот е 33.280, а седумстотини навивачи ќе бидат дел од македонската „Фаланга“.

Што се однесува пак однесува пак до составот на Велс, информациите од таму се дека нашиот противник е посилен за Нејтан Бродхен играчот на англиски Врексам, како и без Хери Вилсон од Фулам кој што се враќаат во тимот. Од друга страна пак, Бен Дејвис и Кифер Мур поради повреда не се во комбинација.

 

ПретходноЧупиќ: Свесен сум каде дојдов – Вардар мора секогаш да победува!
СледноОткриено зошто избувна масовната тепачка на УФЦ – борец доживотно исфрлен