Благоја Милевски: Знам дека момците ќе дадат се од себе да ја израдуваат Македонија!

66

Утре вечер со почеток од 20:45 часот, на “Кардиф сити“ стадионот, нашата репрезентација со мечот против Велс го затвора овој квалификациски циклус за пласман на СП 2026. Јасно е дека со реми или победа ќе завршиме втори, со пораз ќе бидеме трети.

Тоа се математиките, иако некои луди теории велат дека можеме да бидеме и први.

Сепак без разлика на се што ќе се случи утре, Македонија во секој случај ќе игра бараж во март.

Во прсрет на овој меч, селекторот Благоја Милевски на пресот истакна:

Кога се игра за Македонија јасно е дека мотивацијата е на највисоко ниво, а посебно е сега во ситуација кога се бориме за една подобра позиција пред плеј-офот за пласман на Светско првенство. Тоа носи силен мотив за надигрување и успех. Веруваме дека ќе уживаме во натпреварот и ќе знаеме како да дојдеме до позитивен исход“ посочи селекторот и продолжи:

Сите овие момци секогаш се во функција на тимот и знам дека секогаш срцето го оставаат за националниот тим. Горд сум на нив за се што направија досега овие две години. Но, искрено сакам утре и да уживаат на теренот за се што направија досега во овие квалификации како потврда на нивниот квалитет. Знам дека со една таква демонстрација, ослободени од било каков притисок, ќе го дадат најдоброто од себе за да ја израдуваат Македонија“.

За селекцијата на Велс:

Не очекувам многу разлика во однос на претходниот натпревар, затоа што Велс како тим е тој што е, агресивна игра, висок пресинг, сигурно ќе играат слично. Многу се компактни, знаеме што не чека но знам дека ние сме подготвени за соодветен одговор“ заврши Милевски.

ПретходноЕнис Барди: Сите ние знаеме колку е важен овој меч за нас!
СледноДали Португалија е подобра без Роналдо?!