Полска едноставно пресилна за Македонија (ВИДЕО)

87

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година го загуби и петтиот меч во шестото коло од актуелните квалификации откако предмалку во Битола нашите репрезентативци беа поразени од Полска со 0:1.

Лидерот на групата кој што има 100% учинок досега во оваа кампања на екстремно тешкиот терен во Битола далеку подобро се снајде од нашиот состав.

Реализираше на време во првото полувреме во 33 минута преку Коцаба, и ја валоризираше сериозната теренска надмоќност.

Иста слика и во продолжението

Во второто полувреме идентична слика на теренот. Полска надмоќна, го добива речиси секој дуел на теренот, а нашите репрезентативци колку и да сакаа да се справат со ситуацијата едноставно беа немоќни да дојдат барем до посериозна ситуација, а не пак директен удар на гол или зицер.

Конечниот удар ни го зададе вториот жолт картон на Димески кој што го доби на десетина минути до крајот, за да Полска против десетмина македонски репрезентативци едноставно рутински го докрајчи мечот.

Македонија е претпоследна со само три освоени бодови од шест одиграни мечеви.

youtube.com/watch?feature=shared&v=uii4Frn3A48

ПретходноПроблем за Сан Антонио, се повреди Вембањама!
СледноМакедонска доминација на улиците на Кардиф… „Фалангата“ полека се упатува кон стадионот (ВИДЕО)