У-19: Македонија ја победи Естонија за крај на квалификациите!

108
ФОТО: FFM.MK

Откако по првите два меча нашата селекција до 19 години беше поразена од Белгија и Португалија, на квалификацискиот турнир во Гимараеш денеска нашите надежи во последниот меч ја победија Естонија со 2:0. Стрелци на головите беа Шаботиќ во 20.минута и Љатифи во 65.минута.

Сепак и оваа победа не беше доволно да ја избегнеме елиминацијата уште во првата фаза од квалификациите за ЕП.

Македонија заврши како трета во групата.

Инаку селекторот Ерхан Селими на овој меч шанса им даде на следните репрезентативци:

Илоски, Цека, Атанасовски, Стојаноски, Радески, Киш, Саботиќ, Дамјановски, Мурџески, Али, Љатифи.

Играа и Аслани, Локи, Андоновски, Касами и Мехмед.

ПретходноСепак не се случи изненадување: Македонија убедливо поразена од Хрватска
СледноТФТ падна кај Широки