Македонската фудбалска репрезентација во моментов во Кардиф го игра последниот квалификациски дуел од оваа Мундијалска кампања против домаќинот Велс. Засега домашните имаат предност, односно нештата за нас не одат во посакуваниот правец. Резултатот е 3:1 за домаќинот во дуел за кој може слободно да се каже дека ретко кој вака не надиграл во изминативе години.
Првата ситуација домашните ја имаа уште во третата минута кога Брукс шутираше но преку голот на Димитриевски. На спротивната страна пак Исник Алими во осмата минута со удар исто така преку голот покажува дека можеме да бидеме опасни.
Сепак, кобните пет минути за нас во ова прво полувреме се случија од 16 до 21 минута. Стојчевски прави пенал, фаулирајќи го Брукс, а по проверката Хери Вилсон беше сигурен реализатор. Димитриевски беше на таа топка со раката но шутот беше пресилен.
Само три минути подоцна за нас нов шок. Џонсон го пројде Илиевски по таа негова десна страна, нафрли на петерецот, а таму Брукс рутински во левиот агол од голот на Димитриевски погодува за двојно домашно водство.
Миовски ни ја враќа надежта
Нашиот состав сепак, не го фати паника, напротив. Дарко Велковски понесе една топка од последната наша дефанзивна линија мина дваесетина метри и увиде дека може да го скокне средниот ред и да го побара Миовски. Тоа го стори исклучително успешно, нашиот напаѓач изби сам пред голот на Велс.
Во моментот коге се подготвуваше да шутира, голманот на Велс, Дарлоу неспретно се лизна и му остави празен гол на Миовски. Во само само седум минути видовме три гола.
Во 35 минута нова сериозна закана за нашиот гол во која Димитриевски покажува зошто е голман на најголемо светско ниво. Вилсон со прекрасна топка за бекот Вилијамс кој што избива сам а Димитриевски неговиот удар го брани, и од дирекот таа излегува од голот.
Џонсон носи повторно двојно домашно водство
Во 37 минута, Џонсон со соло пробив го мина најпрво Илиевски од десната страна се намести централно пред шеснаесетникот и биеше. Топката го закачи Костадинов, и Димитриевски имаше обид но таа сепак, имаше премногу сила во себе и одседна во нашата мрежа. Домаќинот поведе со 3:1.
Во последните пет минути од полувремето имавме три корнери по ред, а по еден од нив добивме прекин кој што го изведе Барди. Се обиде директно кон голот на Велс, но Дарлоу овојпат на висина на задачата.










