Андон Дончевски денеска полни 90. години

98

Првиот македонски селектор на фудбалската репрезентација, Андон Дончевски денеска слави 90. години. Првиот селектор на Македонија е роден на 19 ноември 1935 година, а по осамостојувањето на Македонија во 1991 година застана на чело на нашиот национален тим.

Ја водеше Македонија на премиерниот дуел одигран во Крањ, против Словенија кога триумфиравме со 1:4, како и на првиот дуел одигран на домашен терен против истиот противник во победата од 2:0.

Беше селектор на Македонија во првиот квалификациски циклус за пласман на ЕВРО 1996 година.

На играчки план пак, Андон Дончевски е најдобриот стрелец на ФК Вардар во историјата. Еден од ретките кои што беше дел од репрезентацијата на Југославија, и кој што има постигнато и гол во дресот на некогашната држава.

Со децении веќе живее во далечната Австралија но и покрај возраста многу често ја посетува Македонија, репрезентацијата и неговиот сакан Вардар. Селекторе да си ни жив и здрав.

 

ПретходноШкендија е последниот четвртфиналист во Купот на Македонија (ВИДЕО)
СледноМилитао во „аут“ за следните мечеви на Реал Мадрид